„Успешно одржан ‘Добра идеја фестивал 2020’“, велат од организацијата „Култи Ватор“ од Скопје, кои годинава главниот настан на тридневниот фестивал го поставија на платото пред скопско МКЦ.

Таму настапи составот „My Tear“, кој е дел од сцената на „Балкан Велики“, собран околу „Студио 1060“ во западно Скопје. Исто така, својата прва деби свирка ја имаше триото „Pedro Horisonte“ – нов бенд составен од музичари со солидна километража низ музичката сцена во последните 25 години, како и новата надеж на македонската поп/рок сцена, оригиналната Дина Јашари со својот бенд.

Фестивалот имаше свое стрим (онлајн) издание и беше одржан според сите протоколи, а присуството беше ограничено на само 50-ина посетители.

Покрај Скопје, „Добра Идеја Фестивал“ оваа година имаше настани и во Кратово (диџеј Чарли) и во Тетово (диџеј Перф). Фестивалот е поддржан од Министерството за Култура и Град Скопје.

„Се гледаме на следното издание догодина!“, велат од „Култи Ватор“.