Директорот на Тесла Илон Маск откри дека оваа американска компанија во 2019 година ќе ја покрие цела Европа со сопствена мрежа на Суперполначи.
Тесла во ноември почна да се подготвува за Модел 3 за европскиот пазар, истакнувајќи тогаш дека ќе биде опремен со Комбиниран систем на полнење (CCS) кој овозможува брзо полнење.
Yes. Supercharger coverage will extend to 100% of Europe next year. From Ireland to Kiev, from Norway to Turkey. https://t.co/7FQZgLCTVJ
— Elon Musk (@elonmusk) December 26, 2018
Освен тоа, од Тесла се пофалија дека ќе ги унапредат постојните Суперполначи на „Стариот конктинент“ пред да пристигна Моделот 3.
Ќе покриеме 100% од Европа следната година. Од Ирска до Украина, од Норвешка до Турција, одговори Маск на една твитер порака дека во некои делови на Ирска итно се потребни Суперполначи.
На патот од Норвешка до Турција се наоѓа и Македонија, барем на географска карта, па ќе видиме дали ќе се најде и на онаа на Тесла.
Comments are closed for this post.