Претседателот и првата дама на САД имаат интересна година зад себе, најмногу во поглед на нивната интеракција пред јавноста.

Доналд Трамп ѝ го згреши името на Меланија во твит, Меланија не сакаше да го држи за рака (неколку пати!), тој ја остави на дожд земајќи си го чадорот само за себе, а сега и се обиде да ја бакне, а таа стоеше вкочането и сето тоа беше непријатно за гледање.

По одлуката да ги повлече американските војници од Сирија, Трамп вчера посети воена база во Ирак заедно со првата дама.

Иако ова беше политичка посета, медиумите главно се фокусираа на тривијалното, а имаа и материјал за тоа – чудниот бакнеж на првата двојка.

Повеќето реакции на бакнежот меѓу Меланија и Доналд Трамп се дека беше: „непријатен“, „чуден“, „незгоден“.

Покажувањето нежности меѓу Меланија и Доналд Трамп во јавност е вистинска реткост и овој бакнеж во образ делува незгодно и несиметрично, вели Џуди Џејмс, експерт за говор на тело.

И двајцата имаат различен став и приод – Трамп ја стисна Меланија во горниот дел од раката толку силно што му побелеа зглобовите на прстите, а Меланија едвај го допира со отворена дланка на бицепсот, без никаков знак на стисок, објаснува Џејмс.

Меланија држи дистанца со телото и го истегнува вратот наназад за време на бакнежот, продолжува таа и нагласува дека така би се поздравиле на заминување двајца колеги или пријатели, но не и сопружници.