Нашата претставничка Тамара Тодевска задутре ќе настапи во второто полуфинале на песна на Евровизија во Израел. Таа се надева на влез во финалето бидејќи тимот е добро подготвен и на обложувалните добро котираат.

Пејачката досега имаше две проби, кои поминаа успешно. Вели дека ја има вистинската песна за вистинската година и дека ќе даде се од себе да се најдеме меѓу најдобрите.