Авиони, едрилици, параглајдери, воздушен балон … Голем број граѓани, родители и деца, имаа можност од близу да ги видат овие воздухоплови што беа дел од авио митингот организирана спортскиот аеродорм Стенковец, во близината на Скопје.

Освен што можеа  да ги допрат, да се сликаат или да влезат во кокпитот на авионите, бројните поситетиле имаа можност од прва рака да чујат и да се запознаат со убавините и предизвиците што ги нудат летањето, падобранството или лебдењето со параглајдер, преку разговорите и дружењето со пилоти, параглајдеристи, падобранци и воздухопловци …