Светска здравствена организација (СЗО) соопшти дека новиот коронавирус може да се пренесува во сите временски услови и оти студеното време не го убива вирусот.
Според СЗО, дождот и снегот можат да го отежнат пренесувањето на вирусот од контамираните површини, но пренесувањето на ковид-19 во најголема мера се пренесува од лице на лице.
Научниците стравуваат дека поради студенто време луѓето почесто ќе престојуваат во затворени простории што ќе доведе до полесно ширење на новиот коронавирус.
Пренесувањето на заразата е отежнато на отворен простор, бидејќи свежиот воздух ги разбива и разнесува честичките. Но, експертите предупредуваат дека без заштитна маска ковид-19 може лесно да се пренесува и на отворен простор и затоа потсетуваат дека носењето маска и физичката дистанца се клучни во спречување на ширење на заразата.
Comments are closed for this post.