Најсјајната комета, наречена „46П/Виртанен“ следната недела ќе помине покрај Земјата и тоа ќе биде една од 10 најблиски средби со таков вид на небесно тело од 1950 година, и меѓу 20-те најблиски од 9 век.
Како што наведува „Уса тудеј“, кометата ќе биде најблиску до сонцето следната среда, 12. декември, а на Земјата на 16. декември и ќе прелета покрај нашата планета на одалеченост од 11.265.408 километри.
Brightest comet of the year will zoom near Earth next week https://t.co/Skff5OL7rm #Comet #46PWirtanen #46P pic.twitter.com/1SPN6sC9u2
— USA TODAY Weather (@usatodayweather) December 5, 2018
Како што наведуваат, кометата најверојатно ќе може да се види со голо око, но најдобро би било да се гледа низ двоглед или мал телескоп, посебно надвор од градот.
It will be the 20th-closest comet to Earth, dating as far back as the ninth century. #46PWirtanen https://t.co/Skff5OL7rm pic.twitter.com/vlL79j2EBO
— USA TODAY Weather (@usatodayweather) December 5, 2018
Со оглед дека кометата неколку недели ќе поминува покрај Земјата, научниците на НАСА ќе имаат можност детално да ја проучуваваат.
Оделението за астрономија на Универзитетот во Мичиген соопштило дека „нема никакви шанси кометата да ја погоди Земјата“.
Comments are closed for this post.