Најсјајната комета, наречена „46П/Виртанен“ следната недела ќе помине покрај Земјата и тоа ќе биде една од 10 најблиски средби со таков вид на небесно тело од 1950 година, и меѓу 20-те најблиски од 9 век.

Како што наведува „Уса тудеј“, кометата ќе биде најблиску до сонцето следната среда, 12. декември, а на Земјата на 16. декември и ќе прелета покрај нашата планета на одалеченост од 11.265.408 километри.

Како што наведуваат, кометата најверојатно ќе може да се види со голо око, но најдобро би било да се гледа низ двоглед или мал телескоп, посебно надвор од градот.

Со оглед дека кометата неколку недели ќе поминува покрај Земјата, научниците на НАСА ќе имаат можност детално да ја проучуваваат.

Оделението за астрономија на Универзитетот во Мичиген соопштило дека „нема никакви шанси кометата да ја погоди Земјата“.