Потомците на последниот германски цар денеска ја изгубија судската битка за замокот кој гледа во долината на Рајна и чиј дел е претворен во хотел.
Замокот Рајнфелс, поранешна сопственост на семејството Хоенколнер, од 1924 година се наоѓа во сопственост на градот Зант Гоар.
Во тоа време е поставен услов дека градот нема да го продаде замокот, инаку царското семејство ќе го задржи правото да ја заземе сопственоста на градот.
Принцот Георг Фридрих од Прусија, чукун-внук на Вилхелм Втори тврди дека договорот од 1998 година со кој Зенг Гоар одобрил изградбата на хотел до замокот претставува продажба.
Сепак, судот во Кобленц денеска го отфрли неговото барање за враќање на дворецот.
Comments are closed for this post.