Поранешната палата на починатот британски поп-пејач Џорџ Мајкл во Северен Лондон се издава под наем, а цената изнесува 15.000 британски фунти неделно. Сепак, дури и да можете да ги платите овие средства, висока е листата на некои од барањата на агентите.

Домот на Мајкл во „Хајгејт“ по неговата смрт во 2016 беше предаден на неговите сестри Мелани и Јода и наместо тие да го изнајмуваат, имотот за сума од 8 милиони фунти го предале на компанија која се занимава со тајно обезбедување места за сместување на познати личности кога работат во близина.

Меѓу клиентите на агенцијата коишто го изнајмувале имотот се и Брет Пит, Ријана и Анџелина Џоли.

Имотот има седум спални, базен и приватен влез во паркот „Хампстед Хелт“ со неверојатен поглед на Лондон.

Неодамна беше објавен тестаментот на Џорџ Мајкл, во кој беше откриено дека најголемиот дел од богатството, проценето на 97,6 милиони фунти, го остава на неговите две сестри.

Според британскиот таблоид „Сан“, Фади Фаваз со кого Џорџ беше во врска четири години до неговата смрт и неговото поранешно момче Кени Гос и двајцата беа изоставени од тестаментот.