Стихозбирката „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска, издание на ПНВ Публикации е поместена меѓу најдобрите и најквалитетни книжевни преводи во Италија.
Поезија на крвта и поезија од телото на тело. Експлоративна поезија на телото кое учи да биде тело, во пограничјата, во ограничувата, во границите, во среќавањата. Поезија којашто ги изучува телата како географски карти. Поезија што се предава пред магматската потреба да се сака и да се биде сакан, иако јазиците – зборовите, намерите, гестовите – се чини како намерно да биле створени за воопшто да не сакаат да се разберат, вели за делото Тицијано Фратус.
Стихозбирката минатата година се најде и во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци” што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата, а истата година пред бројната публика на промоција во Охрид ја претстави проф. д-р Димитар Пандев.
Мојата книга „Крстна коска“ во мој личен автопревод е избрана на 12-то место на номинираните дваесет најдобри и најквалитетни книжевни поетски преводи во Италија – во еден, нешто скромно кажано, извонреден список, соопшти авторката Сарџоска, која самата го направи преводот на збирката.
Преводот на делото е помогнат од Министерството за култура, а во Италија ја објави реномираната издавачка куќа „Interno Poesia“.
Comments are closed for this post.