Овие 100 дена како министерка за култура за мене, се ново искуство, но на познат терен. Оваа одговорна позиција не ја прифатив за да ја пополнам својата професионална биографија, а уште помалку да им се допаднам на сите. Тука сум за да дадам максимум за доброто на сите во културата. Еве го мојот отчет:
решен е проблемот на неисплатените плати на три илјади и шестотини вработени во културатаго усовршивме концептот за годишниот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за наредната годинаобјавуваме нов јавен повик за финансиска поддршка на уметниците и на културните работницизапочнаа конзерваторско реставраторските интервенции на црквата Свети Ѓорги во Курбиново и исто така успеавме да ја ставивме на прелиминарната листа на УНЕСКОобезбеден е рекорден буџет за заштита на културното наследство за следната годинаотворивме нова буџетска програма за културно наследство во опасностго формирав националниот совет за заштита на културното наследство, кој ќе го разгледува елаборатот за прогласување на скопскиот аквадуктот за културно наследство од исклучително значењедо УЗКН поднесовме иницијатива да се преиспита статусот на Порта Македонија како културно наследствоја формиравме Националната комисија за УНЕСКОследната година, заедно со УНЕСКО, ќе ја чествуваме стогодишнината од раѓањето на основоположникот на современиот литературен македонски јазик, Блаже Конескиуспеавме за кратко време,на наша иницијатива , културата да стане дел од официјалната агенда на Европската Унија за Западен БалканРаботиме на:Законот за остварување на јавниот интерес во културата, кој е во Собрание ; изготвуваме нов закон за културно наследство ; во тек е изработка на измени и дополнувања на законот за авторско право…
Ова е, накусо, за сработеното во моите 100 дена во Министерството за култура, напиша на Фејсбук министерката Стефоска.
Овие 100 дена како министерка за култура за мене, се ново искуство, но на познат терен. Оваа одговорна позиција не ја…
Posted by Irena Stefoska on Thursday, December 17, 2020
Comments are closed for this post.