Иновацијата ELIF and MELIF, семaфор за невреме на кумановецот Борис Секирарски освои сребрен медал на Интернационалната изложба за иновации ARCA и Меѓународниот саем за земјоделски иновации AGRO ARCA, која се одржа од  18-ти до 20 октомври во Загреб, Република Хрватска. Хрватската асоцијација за иновации оваа 16-та меѓународна изложба на иновации ARCA ја организирала во Националната и универзитетска библиотека во Загреб, а биле изложени 150 иноваци од повеќе земји.

Претходно, Секирарски го доби Златниот медал на „ИНОВАМАК 2018“ за идејата електронски водена интернет прогноза или популарно ЕЛИФ (кратенка од Electronically Leed Internet Forecast) и  апликацијата MELIF која преку интернет умее да ги прочита нивоата на опасност од лошо време и да ги прикаже опасностите од брза поплава во конкретна улица, населено место.

Секирарски, инаку долгогодишен метеоролог, во изјава за МИА, вели дека ова е нов успех кој дополнително го мотивира да ја прикаже иновацијата во земјите на ЕУ и да работи на нејзино заживување во државава и пошироко.