Иконата на британската мода „Др. Мартинс” оваа година бележи 20 отсто поголема продажба, поточно 348,6 милијарди фунти, што на компанијата и донесе 33 отсто повеќе приходи (50 милиони фунти) во споредба со истиот период минатата година.

Според британските портали, по големата криза и борба за опстанок, компанијата сега бележи подобри деловни резултати, а причините лежат во големото влијание на инфлуенсерите и социјалните мрежи врз изборот на производи, но исто така и на зголемената популарност на овој бренд меѓу младите луѓе.

Компанијата соопшти  дека најголема побарувачка е забележана во Европа, но и од нивната интернет-продавница, која им носи 40 отсто од приходите. Тие, исто така, велат дека речиси половина од нивните приходи се од продажбата на нивните најпопуларни модели, како што се „1460“ чизми и „1461“ чевли.