Претходно, Секирарски го доби Златниот медал на „ИНОВАМАК 2018“ за идејата електронски водена интернет прогноза или популарно ЕЛИФ (кратенка од Electronically Leed Internet Forecast) и апликацијата MELIF која преку интернет умее да ги прочита нивоата на опасност од лошо време и да ги прикаже опасностите од брза поплава во конкретна улица, населено место.
Секирарски, инаку долгогодишен метеоролог, во изјава за МИА, вели дека ова е нов успех кој дополнително го мотивира да ја прикаже иновацијата во земјите на ЕУ и да работи на нејзино заживување во државава и пошироко.
Comments are closed for this post.