Фолк пејачот Шабан Шаулиќ со децении својот пензиски стаж наместо во Србија го уплаќал во Австрија. Во Австија тој ги плаќал и даноците па со тоа се стекнал и на австриска пензија која не ја дочека поради прераната смрт.

Но, затоа пак неговата сопруга Гордана ќе ги наследи примањата и тоа во износ од 3.600 евра месечно.

Тоа ќе и обезбеди прилично комфорен живот ако се знае дека просечната пензија во Србија е 300 евра.

Се разбира тоа не може да се спореди со примањата кои пејачот ги земаше за еден настап кои изнесуваат и 15.000 евра. Парите, Шабан и Гордана ги вложуваа во недвижности.