Популарната српска пејачка, Наташа Беквалац имала сообраќајна несеќа на излез од Нови Сад. Во моментот на незгодата, во возилото се наоѓале и нејзиното бебе, ќерката Катја и нејзината дадилка.

Беквалац тргнала кон Белград, кога во нејзиниот автомобил удрило друго возило, a, како што пишува Блиц.рс, од силинита на ударот бебето паднало од детското седиште.

Пејачката требало да ја однесе ќерката во Центарот за социјална работа, за да ја види нејзиниот татко, Лука Лазукиќ.

Наташа ја удри бугарски државјанин, кој на автомобилот немал ретровизор па затоа не ја видел. За среќа, таа и бебето се добро, никој не повреден. Полицијата направи увид по што Наташа се врати во својот стан во Нови Сад. Се е во ред, иако Наташа доживеа огромен стрес – потврдиле за „Блиц“ од прес-службата на Наташа Беквалац.

Како што неофицијално дознава медиумот, во автомобилот на Беквалац се забил бугарски државјанин во „Фолксваген Пасат“ со англиски регистерски таблички, што бил „натоварен до кров“ и немал ретровизори. По ударот, возачот на „Пасатот“ се обидел да избега, но во тоа бил спречен од едно момче што се нашло на местото на несреќата.

Пејачката и нејзината ќерка биле врзани со појаси, но и покрај тоа детето испадноло од своето седиште, пишува Блиц.