Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност со услови за појава на краткотраен дожд, особено во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Mинималната температура ќе биде во интервал од три до 12 степени, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до шест степени, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во западните делови денеска ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Потоа следува период на стабилно време. Утрата ќе бидат постудени, дневната температура ќе опаѓа до понеделник, а потоа ќе биде во благ пораст. Наутро по котлините кон средината на неделата ќе има сè повеќе услови за појава на магла.