Годинашново петто издание на КРИК – фестивал за критичка култура во организација на „Контрапункт“ завршува (вторник 1 декември) со предавањето од третиот програмски дел на тема „Леви феминистички хоризонти: професионализирање или радикализирање на женското движење во Бугарија“. Гостинка на фестивалот е Марија Иванчева, социолог и антрополог од Бугарија, која ќе одржи онлајн предавање со почеток во 19 часот, а по предавањето ќе се одржи и дискусија која ќе ја модерира Јана Коцевска. Предавањето ќе се одржи на англиски јазик, со пренос во живо на официјалната фејсбук страница на КРИК, на следниот линк: https://www.facebook.com/KRIKfestival/
Темата на годинашното издание на КРИК 05 е „Конечноста и кршливото општество – социјализам, слобода и секуларност“ е инспирирана од книгата на Мартин Хеглунд „Овој живот – секуларна вера и духовна слобода“ и понатаму останува да биде актуелна.
Излагањето на Иванчева се базира на истражувањето и искуството поврзано со темата за континуитетите и прекините на женското движење во Бугарија. Спроти искуството на (анти) феминистичката либерална рамка на борбата против семејното насилство во Бугарија во 2000-тите, се анализираат појавите и работата на левата феминистичка група LevFem. Од 2018 година, групата се стреми кон политизирање на дебатата за и ангажирање на работата поврзана со насилството покренувајќи прашања за ре/продуктивна работа, структурната нееднаквост и неолибералната капиталистичка војна врз бугарските жени, етичките и сексуалните малцинства, како и врз општеството генерално. Излагањето ќе се фокусира на некои достигнувања и предизвици поврзани со движењета кои имаат социјалистички феминистички фокус во поширокиот контекст на ретрарадиционализацијата и десекуларизацијата, од кои Бугарија е еден пример меѓу многуте.
Марија Иванчева е бугарски социолог и антрополог, која моментално живее и работи во Велика Британија. Таа има истражувано и објавувано на темите: високото образование, трудот, прекарноста, меѓусекторските нееднаквости и улогата на универзитетите и нивните заедници во пошироките процеси на социјалните промени, особено од и од социјализмот. Марија е член на уредничкиот одбор на LeftEast и на бугарскиот левичарски феминистички колектив LevFem.
Comments are closed for this post.