Во Сан Диего се одржа овогодинешниот „Комик кон“, а на ова случување присуствуваат многу познати личности. Помеѓу нив и Скарлет Јохансон (34), кога на големо работи на снимањето на филмот „Црната вдовица“.

Холивудската ѕвезда се појави во бело-проѕирна маица, низ која јасно се гледаа нејзините нови тетоважи, кои ги направи во пределот на градниот кош, на едно, како се мисли, најболните места за тетовирање.

Како што може да се забележи, Скарлет истетовирала некое суштество со крила. Таа веќе има тетоважа на грбот во облик на роза.