Познат факт е дека радиото Канал 103 е авангарден медиум. Бендови како Архангел, САФ, Чиста околина, Беи д’ фиш, Фолтинпрво се пуштаа и вртеа долго време на Стотројка пред да станат популарни и да станат дел од мејнстримот на македонската музика. Ова радио потегна и многу други теми за кои зборуваше многу време пред за нив да говорат другите медиуми: човекови права, родовата еднаквост, правата на ЛГБТ зедницата, екологија, полициска бруталност, теми за кои требаше да поминат многу години за да може да се говори за нив на другите медиуми. Знаете, во деведесеттите години не можеше секој да критикува, сега секоја будала го критикува системот и власта, тоа веќе не е интересно, нашата субверзивност и нашиот отпор ги префрливме на музиката и се занимаваме со култура, што на денешно време, само по себе е субверзивно, вели за Утрински брифинг, Костадин Шурбановски Шурбе, долгогодишен член на радиото Канал 103.

Целиот текст овде.