Новата 2019 година носи надеж за повеќе среќа, за подобро здравје, за повеќе пари, подобра работа, љубов…сето тоа се нашите желби. Но, што ви претскажуваат ѕвездите за 2019 година.

Во стариот Акад почнале да изработуваат астролошки календари за владетелите откако виделе дека повеќето од нив се несреќни во љубовта и во животот. За да пронајдат кој партнер им одговара тие изработиле астролошки профили за да утврдат дали на владетелот роден на одреден датум, кога има одредена позиција на ѕвездите во однос на нашата планета, му одговара жената која тој сака да ја земе за жена. И откако почнале да го применуваат тој научен марифет, работите драстично се подобриле.

Еве што астролозите претскажуваат за 12 хороскопски знаци (соѕвездија).

 

                       ОВЕН – 2019 ќе биде како измешана торба

Астролозите велат дека родените во овој знак ќе имаат чести подеми и падови, со мешани резултати во текот на годината. Во првите месеци од годината можеби ќе почувствувате дека ве обзема немир, што ќе ве прави бесен/бесна, па дури и за неважни секојдневни работи. Ќе забележите дека се создава дистанца меѓу вас и членовите на семејството, особено кон вашиот брат или татко, а тоа најмногу заради влијанието на Марс.

Ви советуваме да бидете претпазливи и на штрек за се што се случува околу вас.

Но во секој облак се крие и сребрена нишка, па така на крајот годината ќе биде успешна за вас, со добри шанси во работата, ќе имате и напредок во кариерата. Тие што работат ќе добијат признание за тоа што го правеле, што ќе донесе радост кај вас.

Во овој период се очекува да се опоравите во физичка и во ментална смисла, ќе ојакне и вашето тело со што ќе имате можност да живеете здрав живот.

Можни се патувања во новата година, па дури и смена на местото на живеење во друг град.

Конечно 2019 година за вас може да биде фантастична, година која ќе ви донесе голема радост.

 

                            БИК – Добро време да се утврдат приоритетите

 

Според астролозите, ова ќе биде навистина возбудлива година за вас, исполнета со многу изненадувања. За Бикот 2019 година ќе биде многу плодна за него и за неговите сакани, со голема можност да добиете напредување на работа, или да добиете добра сума пари од бизнисот.

Студентите имаат голема можност да заминат во странство каде ќе добијат повисоко образование.

Што се однесува до љубовта, ѕвездите велат дека таа ќе цвета како цвеќето во градина, а истото се однесува и за семејниот живот. Генерално, 2019 за Бикот ќе биде година на уживање, и ќе бидете во можност, а ќе бидете во можност да ги остварите зададените цели поврзани со професијата и некои за приватниот живот, кои не бевте во можност да ги завршите до сега.

Важен аспект за Бикот – да ги постави целите и приоритетите и да работи на нив посветено. Ова е најдобро време за планирање и остварување на перфектен начин.

Совет – не летајте, бидете реални кон околината и не им се препуштајте на лажните потреби оваа година. Иако изминатата година не беше една од подобрите, оваа година ќе ви донесе напредок, среќа и ќе имате моменти на блесок и задоволство.

Можни се неочекувани моменти, односно драстична промена на приватниот живот, и тоа на добро.

                   БЛИЗНАЦИВнимавајте на здравјето

 

Хороскопот за Близнаците вели дека оваа е пресудна година и многу значајна за сите родени во овој знак, година со многу промени. Ќе има и позитивни и негативни промени поврзани со вашиот приватен живот. Година како ролер костер со многу добри и лоши искуства.

Традицијата на Јупитер од вашата 7 Куќа која почна на 2 декември и која преоѓа во 8. Куќа означува многу важен период во вашиот живот. Затоа за Близнаците се советува внимание за здравјето, особено на стомакот и на колената. Затоа вежбајте и држете соодветна диета.

Годинава ќе бара од вас напорна работа, особено на полето на образованието. Може да се доведете во стресна состојба доколку планирате специјализација во одредена област.

Што се однесува до врските, ова не е период кога тие ќе цветаат, па затоа настојувајте да ги одржите постојните врски.

Добрата вест е што партнерот секогаш ќе биде покрај вас.

Уште една работа која треба да ја имате предвид – однесувањето кон другите – неопходно е да бидете културни и нежни во комуникацијата со другите.

Што се однесува до кариерата, оваа година ќе ви донесе многу промени во однос на работата. Можеби ќе доживеете многу промени и можно е да донесете повеќе важни одлуки кои драстично ќе влијаат на вашата кариера. Имате повеќе можности кои ќе треба да ги изберете. Затоа бидете на штрек и умни додека ги носите важните одлуки за вашата кариера.

           РАКНајверојатно година на напредок

 

Раковите обично се сентиментални, сензитивни и интуитивни по природа, а што се однесува до животот 2019, може да се очекува навистина таа да биде продуктивна, особено по прашања за финансии, кариера и работа. Така, тие што имаат работа ќе добијат напредување, а вашата напорна работа ќе биде призната.

За бизнисмените ова ќе биде период кога има многу можности за нови клиенти и за воведување на нешто ново. Во секој случај надежна за постигнување финансиски успех.

Само е потребно вашите планови да ги спроведувате соодветно за да ја постигнете вашата победа.

За љубовта имате два важни периоди – од јануари до март и од октомври до декември е најдобро време да остварите врска. И за тие што планираат брак тој период е најдобар за тоа.

Многу е веројатно дека Раковите годинава ќе си купат нов автомобил или куќа. Исто така ќе завршите со реновирањето. Исто така ќе ги зацврстите врските со семејството.

За учениците/студентите, годинава е најдобриот период да ги искористат сите ресурси и да дадат се од себе во постигнувањето добри резултати. Еден совет – не запирајте со напорната работа. Тие што планираат повисоко образование во странство, ова е поволен период за нив.

Така, хороскопот вели дека Раковите ќе ги остварат своите соништа со напорна работа.

            ЛАВЌе покажете повеќе ентузијазам

За Лавот 2019 ќе биде оптимистичка и страсна година, ќе бидете исполнети со доверба и ентузијазам кој ќе се одразува на секојдневните работни обврски. Иако ланската година не беше без резултати, новата година во носи драстично подобрување. Така, вашата работа позитивно ќе влијае на вашиот статус, промоција и самодоверба. Тоа ќе ве направи да бидете попродуктивни и пожестоки.

Иако сте пренатрупани со работа, вие сте енергична личност која не се предава и ќе се притискате себе си за да постигнете повеќе, што ќе ве направи да се чувствувате посебно и ќе постигнете повеќе.

Но, ќе мора да внимавате на здравјето, зашто годинава можни се некои епизоди, па затоа како и секогаш превенцијата е најдобар лек.

Во однос на врските, вашиот љубовен живот ќе биде исполнет со страст и топлина. Но бидете сигурни дека внимавате на вашите деца особено од април до август. Постојат големи шанси да патувате и да трошите пари, но ви советуваме да внимавате кога трошите.

Годинава ќе ви се зголеми сумата на банкарската сметка, а ќе го реновирате станот, како што подолго време планирате. Па, обојте ја спалната соба во бело, зашто ви се предвидува брак во 2019.

        ДЕВИЦАПодеми и падови на професионален план

Девиците во 2019 ќе имаат и добри и лоши искуства, но нека не се грижат, затоа што вие секогаш се држите до добрите, и учите од лошите искуства. Ќе имате позитивни резултати во професионалната кариера од почетокот на 2019 до април. Може да добиете солидно покачување на платата, а бизнисмените ќе имаат финансиски успеси.

Физички ќе се чувствувате во добра кондиција и подготвени за патување на поголема дистанца. Сите проблеми со наследство од вашите предци ќе бидат решени.

Вие сте чувствителна личност со аналитичен пристап кон повеќето работи во животот, што значи дека успешно надминувате многу предизвици. Ви советуваме на професионален план да бидете особено внимателни меѓу 10 април и 11 август.

Во оваа година би требало да избегнувате преземање финансиски ризици, зашто изгледа не е добар период за такво нешто. Периодот од втората недела на август до крајот на годината ќе имате постепен развој на професионален план како и на личен план, иако можеби ќе се соочите со повеќе проблеми на различни задолженија, што ќе услови одлагање на вашите резултати, што ќе ве направи неспокојни.

До април ќе биде добри во комуникациите, но напнати односи ќе имате во мај и во септември. Можни се кавги со ваши , кои е подобро да ги избегнете. Тој период исто така нема да биде добар што се однесува до парите, па стојте подалеку во прашања поврзани со финансии.

Периодот од септември до декември ќе ви даде многу можности да пораснете и да научите. Но, генерално во 2019 финансиските проблеми е едно од прашањата кои ќе ве оптоваруваат.

Ви советуваме да бидете особено внимателни за вашето здравје меѓу мај и јули.

          ВАГАЌе го задржите балансот

Животот на Вагите во 2019 ќе биде мешавина од подеми и падови, што се однесува до ситуациите и нивниот исход. Може да добиете поголемо општествено признание заради ефектот на Јупитер. Но што се однесува до Вагите, заради ефектот на Сатурн можни се проблеми со парите. Ова ќе има влијание и на вашето размислување.

Дотолку повеќе, ќе имате стресови и ќе бидете соочени со напнатост во односите со партнерот, па затоа обидете се да останете мирни, отколку да возвратите со пукање.

Ќе доживеете признание од луѓето, но од друга страна тоа ќе има влијание на вашата работа и бизнис. Веројатно ќе бидете во можност да најдете извесен вид на стабилност. Затоа обидете се да останете на тоа и да бидете продуктивни и во можност да се соочите на секаков можен начин. Не заборавајте дека не треба да влегувате во кавги. Движењето на Венера и на Јупитер оваа година ќе ве однесат на добро место.

Имате шанса да одите во странство на натамошни студии, а овој период е најконструктивен и продуктивен кој ќе ви донесе добри резултати. И покрај сето ова, многу е важно да се грижите за здравјето на вашите деца и нивната хигиена.

Позитивна нора е што ќе имате економски напредок, односно ќе ви се зголемат приходите што ќе ве направи постабилни на ментално ниво.

                         СКОРПИЈА – Можеби ќе одите на аџилак

За сите Скорпии оваа година може да биде година на успеси и несупеси. Во вашата кариера може да имате голем скок и да имате корист од тоа заради позитивното влијание на Јупитер врз вас. Заради позициите на Сонце-Марс и Венера-Јупитер најстрого ви советуваме на почетокот на годината навистина да се грижите за вашето здравје – јадете правилно и редовно вежбајте. Друг важен аспект е во периодот меѓу 21 јуни и 1 јули можеби нема да бидете во можност да донесете чиста одлука или да донесете конечна одлука со што ќе бидете во позиција да не можете да носите конкретни одлуки. Тоа е заради лошата позиција на планетите што ќе ве направи вознемирен, загрижен и да се чувствувате непријатно. Ова може да влијае на вашето здравје, па затоа посвете особено внимание на тоа по секоја цена.

И покрај се, имате добри шанси оваа година да се опуштите со патување.

Оваа година ќе ги соберете плодовите од вашата напорна работа. Ќе бидете почитувани и наградени за вашата работа што ќе ве мотивира да дадете повеќе, што е евидентно според хороскопот за Скорпијата.

Родените во овој знак ќе им бидат благодарни на ѕвездите и ќе бидат задоволни од постигнатото како и од резултатите кои ќе ги добијат. Сите прашања со наследство ќе бидат решени со што ќе биде отстранет поголем дел од товарот кој ве мачи.

Совет – јога секој ден и диета.

      СТРЕЛЕЦ – Ќе пораснете и ќе се развивате

Стрелците ќе се соочат со напливи и одливи на можности и случки. Ќе имаат неколку шанси кои е можно да ги зграпчите, да научите, да пораснете и да ги спроведете своите акции соодветно со што ќе ја зголемите можноста да бидете успешни во што и да ги ставите рацете.

Заради Јупитер кој е во транзиција можно е да одите на аџилак на многу свето место блиску до вас. Може да откриете дека имате склоност кон филозофија или да се впуштите во религиозни расправи. Затоа ви советуваме да бидете претпазливи во втората недела на април и втората недела на август.

На финансиски план оваа година ќе биде профитна, зашто гледаме подобар профит кој доаѓа годинава кон вас кој ќе ве стабилизира парично.

Покрај ова, годинава ќе добивате постојана помош од вашите деца што ќе ја зацврсти вашата самодоверба. Среќата е таа која ќе ве следи и сите задачи ќе ги завршувате без проблеми.

Конечно, една сериозна нота – постои можност дека нема да се чувствувате добро поради напнатост во односите во вашето семејство. Можно е да имате неколку расправии, жестоки кавги, кои би требало комплетно да ги избегнете. Затоа, бидете внимателни.

Годинава треба да бидете претпазливи во донесувањето одлуки кои се поврзани со имот. На тој план бидете многу мудри. Не се плеткајте во неважни прашања кои можат да имаат негативно влијание на вашиот углед. Наместо тоа, посветете се на вежбање и одржувајте ја здравата диета.

Добра вест – на крајот на годината сите препирки и недоразбирања во вашето семејство ќе бидат решени.

        ЈАРЕЦ – Ќе доживеете трансформација

Подгответе се зашто светот ќе стане вашата острига. Ќе доживеете позитивна трансформација и на приватен и на професионален план. Десеттиот знак на Зодијакот, земјениот Јарец покажува дека вие сте амбициозна, определена и личност која помага. Навистина, кажано е дека треба да складираме пред да дојде зимата. А вие сте сигурна личност на која можат другите да се потпрат, личност која работи напорно, и затоа е сега одлична можност да се размислува за вашата иднина. И запомнете – акцијата зборува подобро од зборови. За да се подобрите размислувајте порационално.

Сега засега мислете на вашите финансиски инвестиции и заштедите. Дали планирате да купите нов дом? Или поудобна канцеларија?Изгледа дека многуте неочекувани придобивки се на дофат, а можете да добиете и на Лото или да добиете унапредување. Многу е веројатно дека ќе инвестирате во недвижнини.

Вие нема да преземете непотребни тензии и да бидете оптоварени со размислување за вашата врска, зашто вие сте сосема чист во однос на тоа што саката во љубовниот живот и што сака вашето срце.

Во работата најверојатно ќе го импресионирате секого зашто ќе изнесете многу добри креативни идеи. Можеби не ви се верува, но ќе најдете многу нови патишта за да направите нешто. Пазете се да не трошите премногу за нешто што не е корисно и внимавајте на паричникот зашто во 2019 најверојатно ќе се зголемат вашите трошоци, особено на средина на годината.

Совет – повеќе штедете отколку што ќе трошите.

Изгледа дека во 2019 ќе бидете многу среќни и тоа во поголемиот дел од годината. Ако имате нешто што подолго време сте го планирале, не брзајте, туку чекајте го најдобриот период а тоа е август и септември.

            ВОДОЛИЈАЌе бидете поефикасни

Нејзината тајна е трпението и да се прилагоди на природата. До сега покажавте огромна трпеливост. Но, сега е време внимателно да ги анализирате ситуациите кои имале влијание врз вас или барале ваше дејство за нив. Но Водолијата е благословена со извонредни аналитични квалитети. Така тие можат отровот да го претворат во лек. Тие можат на секое патување да победат во секоја битка и да се искачат на секоја планина. Имаат решавачка сила.

Ако сте ја загубиле довербата или се чувствувате безнадежно, тогаш пролетта е тука, а зимата си оди. Вербата и целите ќе се вратат и тоа од никој друг туку од вас самите!

Нивото на самодоверба е како да зело енергетски пијалак! Подгответе ја торбата за патување и пасошот зашто изгледа желбата за патување е разбудена. Шансите за посета на странска земја се големи, особено на далечна.

„Пријател кога ни треба е вистински пријател“, и ова ќе биде потврдено кај вас, зашто ќе добите голема поддршка од пријателите.

Има романса во воздухот, а вашиот брачен живот ќе доживее прекрасни моменти во 2019. Можеби на вашиот дом му треба мала поправка или преместување на мебелот, што ќе ви одземе дел од финансиите. Водењето грижа за нашите сакани е важно, па затоа вие ќе треба да обрнете малку внимание и грижа и за вашето семејство. Вашиот животен партнер ќе има голема желба за одиме на туристичко патување со вас.

        РИБИ – Ќе добиете признание

Вашето  вистинско јас и восхитувачка интелигенција, а луѓето ќе ве сметаат за умен човек. Но, внимавајте, немојте да бидете премногу егоистични. Ќе бидете во состојба да давате совети на други за што ќе ви симнуваат капа. Ќе бидете како Сократ меѓу луѓето околу вас. Неколку  невообичаени настани ќе ви се случат па затоа бидете на штрек. Славете го тоа што на крајот на тунелот им светло. Ќе ги видите резултатите од долготрајните соништа, цели и амбиции. Затоа додајте гас зашто годинава е најдобра за работа и очекувајте резултати.

Дали сте се чувствувале како изгубени во последно време? Или долго време се мачите со прашања за себе? Па, одговорите ви се на дофат. Истражување на вистинскиот/ката „јас“ ќе се ви се случи годинава и ќе сфатите кои ви се вистинските потреби.

Кажано е дека за добрите работи треба време и дека ништо не е лесно. Ќе има подеми и падови низ годината, но ќе бидете во можност да постигнете значителен напредок споредено на повеќе полиња. Запомнете – напорната работа секогаш се исплати!

Хороскопот на студентите им советува дека затворањето на книгите нема да им се исплати. Наместо тоа, треба да ја разберат важноста од бубање и на полноќ и оти нема скратен пат до успехот. Можеби ќе бидете извадени од такт со некои проблеми во врските, но обидете се тоа да не ви одзема премногу време и енергија.

Можеби оваа година ќе се селите во различни станови. Време е за среќа, а хороскопот за Рибите вели дека има подобри планови за тие кои работат.