Длабоките деколтеа паднаа во втор план на доделувањето на наградата ,,Еми”. Сите на социјалните мрежи гледаа во рацете на Бандерас.

Откако се смирија впечатоците за свечените фустани , длабоките деколтеа и гламурот на годинешното доделување на наградите ,,Еми”, на социјалните мрежи најсподелувано е видеото со Антониот Бандерас. Тој беше номиниран за најдобра машка улога во серијата ,,Пикасо “ , но во текот на вечерта аплаудираше на чуден начин со истакнат среден прст.

Веднаш на Твитер почнаа споредби со Никол Кидман , која аплаудираше многу чудно кога наградата ,,Оскар “ ја доби Мерил Стрип.

Апалузот на Бандерас веќе е прогласен за гаф на годината , а актерот не ја доби наградата , која му припадна на неговиот колега Дарен Крис.