Жители на едно село во Шпанија останале вчудовидени кога анонимен добротвор во нивните поштенски сандачиња им оставил коверти со пари.

Од минатата среда 15 жители на селото Виљарамиел, во северна Шпанија, добиле коверти со по 100 евра, потврдил за АФП градоначалникот Нуриа Симон.

Жителите на селото со 800 жители се прашуваат кој е нивниот добротовор, а во медиумите се појавија написи во кои се зборува за „Робин Худ од Виљарамиел“.

Тие се прашуваат и со што заслужиле за некој да им дава пари и која е намерата на Робин Худ.