Македонците кои го посетуваат салонот на Икеа во Солун сигурно по пазарувањето застануваа на ручек во ресторанот и на пијачките кои се надалеку познати. Во нив само со една платена пијачка на кока кола, фанта или спрајт можеш да си дополнуваш колку сакаш.
Тоа нашите луѓе го злуопотребуваа па си тураа колку што можат и неможат а си ставаа и во чаши за по пат.
Но, на тоа се чини му дојде крајот. Икеа рестораните полека ја укинуваат оваа поволност. Отсега секоја пијачка ќе мора да се плати а први почнаа Икеа во Турција.
Comments are closed for this post.