Книжевни вечери од 19 до 21 октомври ќе одржи издавачката куќа „Антолог“, во рамки на шестото издание на Фестивалот на европска литература „Книжевни ѕвезди“.
Како што соопштија од издавачката куќа, вечерва ќе биде претставена првата странска гостинка на годинашното издание на Фестивалот, поетесата Јоланда Кастањо, улесник на Струшките вечери на поезијата.
Македонските поети и книжевни преведувачи Никола Маџиров и Никола Ѓелинченски ќе разговараат со неа за нејзината поезија, нејзината збирка песни „Состојба на разговор“, издание на „Антолог“, како и за предизвиците да се пишува и да се препејува поезија.
По неа, ќе биде претставена мегапопуларната авторка Софија Лундберј од Шведска, која ќе зборува за своето творештво, предизвиците во пишувањето за време на пандемија, како и за своите два прекрасни љубовни романи „Црвениот адресари“ и „Прашалникот е половина срце“ кои се објавени на македонски јазик во „Антолог“.
Двете промоции ќе се одвиваат онлајн, а ќе бидат проектирани пред публиката во Кинотека.
Следната вечер почува повторно со поезија. Овојпат Никола Маџиров ќе разговара со Петар Матовиќ од Србија, автор на поеткста книга „Од среќната република“.
По оваа промоција, со почеток во 19 часот, по повод реобјавувањето на книгата „Санитарна енигма“, ќе се одржи книжевна дискусија тематизирана од слоганот на фестивалот –„книжевноста наспроти пандемијата“, на која своите размисли ќе ги споделат авторката на книгата, Јасна Котеска, како и Весна Мојсова-Чепишевска, Душко Крстевски, Дијана Петрова и
Александар Маџаровски.
На 21 октомври, исто така преку онлајнпромоција ќе биде претставена книгата
„Модар накит“ од авторката Катарина Винклерод Австрија, едно од најновите и
најактуелните изданија на „Антолог“/
Во рамките на промоцијата ќе биде претставено и кусо видео со извадоци од романот, направено врз основа на фотографиите на македонскиот фотограф Дејан Колевски.
Фестивалот продолжува и следната недела, со доделување на наградата „Bookstar“ на
еден од најактрактивните европски писатели во светски рамки. Сите настани ќе
бидат организираниво согласност со протоколите за организирање настани во затворен простор.
Влезот е бесплатен, но бројот на посетители е ограничен, а носењето маски е задолжително за време на настаните.
Comments are closed for this post.