Балканскиот рис за кој се знаеше дека живее и на планината Галичица, долго време не беше забележан во националниот парк, се до изминатиот викенд, кога ова ретко и заштитено диво животно беше „уловено“ од камерите поставени покрај репродуктивниот центар за обнова на популацијата на елени.

Опремата која беше инсталирана во Националниот Парк Галичица со проектот #naturemk штотуку го евидентираше присуството на балканскиот рис на територијата на Паркот, веднаш до оградата од репроцентарот за европски елен. – објави Методија Саздов од Македонското еколошко друштво нна Твитер.