Северина е вистинска жена-змеј. Далматинката синоќа го стресе Скопје во преполната „Борис Трајковски“.Згодни и дотерани, девојки и жени два часа си пееја нејзините хитови од прв до последен.
Започна со „ова ќе биде добра ноќ претчуствувам а заврши со италијана“. Помеѓу баладите испеја по некој хит од Бело Дугме, Леб и Сол, Нови Фосили, Дадо Топиќ, а на воодушевување на публиката ги слушнавме и Македонско девојче и Јовано Јованке.
Севе вели дека сѐ уште е истата „девојка од село“ и не се срами тоа да го признае.Како што ја дал господ знае да се однесува на сцена, да флертува со публиката. Изгледа прекрасно, танцува како да нема 52 години.
На крај ни порача да ја чуваме Македонија и оти многу нѐ сака.
Comments are closed for this post.