Хана Хуљиќ и Петар Грашо заблескаа  пред црквата Св. Доминика во Сплит каде  го кажаа судбоносното „да“.

Церемонијата за која се зборува со денови започна во 19 часот, а во црквата пристигнаа и родителите на младенците Вјекослав и Тончи Хуљиќ и Зоран и Сњежана Грашо.

Како што веќе беше напишано, нив треба да ги венча нивниот омилен сплитски свештеник, отец Јозо Чирко, кој е на чело на парохијата Св. Доминика.

Тончи и Вјекослава пукаа со гордост кога излегоа од автомобилот, а насобраните гости беа расположени.

Внимание привлече и убавата Викторија Раџа која дојде во придружба на сопругот Дино Раѓа и нивниот син, а Раџа е еден од кумовите на Грашо.