Порше Тип 64 од 1933 година, нарачан од германската нацистичка влада, беше изложен пред да биде пуштен на аукција за време на викендот, како дел од Монтереј авто-неделата 2019 на плажата Пебл во Калифорнија.
Според проценката очекуваме да биде платен износ поголем од 20 милиони долари и тоа е така зошто има многу голем интерес, бидејќи понудата е една неповторлива можност… само две вакви возила некогаш биле направени“, смета проценителот Ален Скундо.
Автомобилот настанал така што Фердинанд Порше посакал да направи полесна верзија на „KdF-Wagen“, првата веризја на прочуената „Буба“, а тоа беше подлога за развој на Порше 356.
Comments are closed for this post.