Актерката и пејачка Селена Гомез одлучи да го следи светскиот тренд на успешните дами и да започне своја козметичка линија и со тоа си обезбеди уште поголеми приходи.

Станува збор за козметичка линија која вклучува парфеми, козметика, производи за нега на кожа и сапуни, а продуциската куќа на младата ѕвезда наводно пред еден месец поднела барање за пријава на лого за нјзината нова линија.

Гомез и понатаму е четвртата најплатена личност на Инстаграм, а медиумите пишуваат дека само еден нејзин пост (објава) за некоја модна марка може да заработи и до три милиони долари.

Ова ќе биде прв чекор со кој младата 27 годишна ѕвезда ќе се впушти во бизнис води поврзани со мода.

Во 2011 година таа лансираше свој парфем, а соработуваше со брендовите како што се Пума и Коуч при дизајнирање на облека, обувки и модни додатоци.