Пред познатиот ноќен клуб „Касина“ во Белград се случил инцидент, при што нема повредени, но причинета е поголема материјална штета. Полицијата привела едно лице, а по друго интензивно трага. Инцидентот се случил на настапот на Јелена Карлеуша.

Еден од гостите се качил да танцува со пејачката. Реагирало обезбедувањето кое го извадило гостинот надвор. Гостинот им се заканил на обезбедувањето во клубот дека ќе им покаже кој е кој

Потоа со автомобил дошол пред Клубот и се обидел да влезе внатре. Искршени се стаклени прозорци и врата од детектор за метал на влезот во ресторанот, жардињера и заштитна ограда. Полицајците се обиделе да го запрат возачот, но тој избегал.

Автомобилот бил запрен во населбата Карабурма, а зад воланот била пронајдена девојка, со алкохол над 1,20 промили. Таа е приведена по налог за претрес, а потрагата по младиот човек кој го предизвика инцидентот е во тек.