Зоолошка градина почна со проект за разубавување на скопската Зоолошка градина и живеалиштата на животните.

Зоо Скопје започнува со кампања за разубавување на зоолошката, како и збогатување на реквизитите за животните (enrichment). Секој кој е креативен, сака животни, или пак поседува нешто кое може да го подари е добредојден да помогне. Графитџии кои би ги разубавеле ѕидовите, уметници кои би ги развеселиле патеките, скулптори кои би ни направиле статуетки животни, креативци кои би изработиле играчки и реквизити за животните, општествено одговорни компании кои би донирале алат или други средства за одржување на зоолошката, одгледувачи кои би подариле цвеќе и дрвца, хуманитарци на кои веќе не им се потребни старите транспортери и кафези за мали животни… Сите сте добредојдени! Ајде заедно да ја разубавиме Зоолошка градина Скопје. Затоа што е наша, заедничка на сите! Кампањата ќе трае до 30 март, а секој кој ќе придонесе за новиот имиџ на Зоолошка ќе добие табличка со своето име на ѕидот на пријателите и помагачи на Зоо Скопје, велат од Зоо Скопје.