Еден од најпознатите календари во светот, каде во главна улога е Владимир Путин, се појави на интернет. За новата 2019-та година одбрани се најпознатите фотографии од Путин, вклучувајќи ја онаа без маица.

Претседателот на Русија на календарот игра со тигар, пука од пиштол, лови риба, се бања во ладна вода, јава коњ, игра хокеј…

На една од фотографиите носи воена униформа со крзнен детаљ зад кој се гледа пушка која Путин ја носи на грб.

Една од фотографиите во календарот

Како што пишува „Д Сан“, се уште не е познато дали станува збор за календар одобрен од Кремљ, но копии веќе се продаваат на „Ибеј“. Календарот се продава и низ киосците, а реакциите на граѓаните на Москва се поделени.