Иако сите мислат дека Русите не ги бива за автомобили, а уште повеќе за мотоцикли, кога ќе го погледнете ова видео ќе го смените мислењето. За новиот модел „Тарус“ не постојат препреки.

Тој се искачува по скали, се пробива низ шумски предели и она што е најважно кога ќе ви здосади со возењето можете да го расклопите на неколку делови и да го спакувате во две торби.

Совршено, зарем не?