Српските медиуми ја открија причината зошто фолк пејачот Дарко Лазиќ наеднаш рипнал од креветот и веднаш влегол во автомобилот со кој по половина час доживеа страшна несреќа. Дарко добил повик од неговата поранешна сопруга Ана Стевиќ која му соопштила дека ќе се мажи и дека наскоро ќе прави свадба.

Иако тие од неодамна се разведени очигледно е дека тој се уште ја сака а стравувал како тоа ќе се одрзи врз нивната ќерка. Неговиот автомобил БМВ е целосно смачкан па Брзата помош едвај го изглекла. Лекарите се борат за неговиот живот и велат дека сега се е во божји раце. Тој има сериозни внатрешни крварења а му откажале и бубрезите.