Маж од Русија, како од мајка роден, уапсен е во Москва откако се обидел да се качи во авион, велејќи дека облеката го спречувала да биде подвижен и аеродинамичен, пренесува Индпендент.
Според кажувањата на очевидците несудениот патник ја поминал проверката на аеродромот Домодедово, а потоа ја соблекол облеката која ја имал на себе и тргнал кон мостот кој го поврзува терминалот на аеродромот со авионите.
„Викаше дека е гол бидејќи облеката му ја нарушувала аеродинамиката на телото“, изјави еден сведок.
Меѓутоа, обезбедувањето го спречил голиот маж во намерата да се качи на летот кон Крим, а потоа бил приведен во полициска станица. Останатите патници изјавиле дека мажот не им изгледал дека е пијан.
„Откако полицијата го приведе извршителот, одведен е во медицинска соба на аеродромот, а потоа е хоспиталииран во медицинска установа“, изјави портпаролот на руското министерство за внатрешни работи. „Извршителот по потекло е од Јакутск, но живее во регионот на Москва“, додаваат од полицијата.
Comments are closed for this post.