Пиза и Фиренца денеска ја пречекуваат Новата година. И тоа не е грешка.

Причината е што од 10 век, па до 1749 година, Новата година во двата тоскански града се пречекувала на Благовештение-25 март, точно девет месеци пред католичкиот Божик. Сега таа традиција се обновува, соопшти туристичката уорава на Тоскана.

Прославата е спроведена со своевиден оптички феномен-точно на пладне низ прозорецот на катедралата на плоштадот Мираколи во Пиза сончев зрак паѓа врз мермерно јајце во близина на проповедникот. Така, тој своевиден „сончев чаовник“ го одбележува доаѓањето на новата година. Во тој момент граѓаните симболично преминуваат во 2020 година.

Денеска во двата града се одржуваат прослави со традиционални костими, знамиња и многу музика.