Џенифер Лопез е на сред голема светска турнеја. Викендов концерт оджа во Турција, а таму пристигна од Москва каде минатата недела одржа успешен концерт пред 25 илјадна публика. По повод одличниот настап на својата вереница, во главниот град на Русија, се огласи нејзиниот вереник Алекс Родригез.

Тој на истаграм објави жешка фотографија од Џенифер Лопез, која позира во минијатурно бикини.

„Бебе, знаме дека „убиваш“ во Русија и дека си на еден концерт пред крај. Ми недостасуваш, едвај чекам да те видам дома, напиша поранешниот безбол играч.