Харизмата или ја немаш. Раде Шербеџија вечерва во Скопје го донесе холивудскиот шарм и балканскиот мангуплук.
Македонската филхармонија беше полна со луѓе од негова и средна генерација кои го паметат и од поранешните југословенски простори, но и од новото време кога е познат и во светски рамки.
Раде добро се држи за своите 79 години.Облечен лежерно со неизбежниот шешир приреди комбинација од концерт, кабаре и театар.
Настапот го започна со песна за Нови Сад, па за Балашевиќ, рецитираше стихови од Крлежа и Чехов, потпивнувајќи од македонското вино.
Раде има бурен живот во кој главната улога ја имаше војната и Македонија.Бегајќи најпрво во Словенија па во Лондон откако не беше прифатен ниту во Хрватска ниту во Србија. Животот му се менува кога Милчо Манчевски му ја нуди улогата на Александар во „Пред дождот“.
Оттогаш веќе се е историја за него и можеше да започне холивудската приказна. При тоа никогаш како што рече, не ја заборавил Македонија и драгите луѓе кои му помогнале.
Една од нив е фамилијата Стојановски, а актерката Јана беше гостинка и заедно ја испеја „Елено ќерко.
Се разбира коцерт на Раде не може да заврши без легендарната „Не дај се Инес“ која е негов заштитен знак речиси половина век.
Comments are closed for this post.