Во светот на колекционерите постои вистинска побарувачка за часовници од времето на Советскиот сојуз. Достигнуваат цена од неколку илјади долари на Ebay . Меѓу десетиците брендови се бараат Победа и Ракета, како и Командирские, Секонда, Слава, Стрела и Восток.

Кога Советскиот Сојуз се распадна во 1991 година, ја остави економијата во хаос. Граѓаните бараа начини да дојдат до пари, а нивната можност беа часовниците.

Советските фабрики за часовници произведувале од 30 до 50 милиони часовници.Русите пред 30 години ги продавале часовниците по тежина за само 5 долари за килограм. Некои пак копале низ купишта часовници барајќи злато да се стопи и продаде.