Риболовец од Австралија на интернет објави порака во шише што ја пронашол на јужниот австралиски брег и за којашто верува дека е стара 50 години.
Според Пол Елиот, тој и неговиот син го пронашле шишето за време на рибарење. Авторот на пораката е извесен Пол Гибсон, 13-годишно момче од Англија кое патувало од градот Фрементл до Мелбурн, источна Австралија. Сега рибарот е во потрага по 60-годишниот човек…
Океанографот Дејвид Грифин изрази неверување дека шишето можело да плови 50 години на ова место, оти – „океанот не мирува”. – Шишето најверојатно било закопано во песокот на брегот, а потоа невреме го одвлекло во морето. Да било фрлено в море на југот на Австралија, невозможно е да остане на истово место подолго од година или две, смета Грифин.
Според британски медиуми, стотици илјади Британци во 1960-тите емигрирале во Австралија, но барем четвртина од нив се вратиле во татковината, оти новата земја не ги исполнила нивните очекувања.
Comments are closed for this post.