На саемот во Женева, Bugatti го претстави својот најнов модел, што ги урна сите ценовни рекорди. Автомобилот чини 11 милиони евра, цена што е за пет милиони помала од првично најавената.

Единствениот примерок е наменет за внукот на Фердинанд Порше, Фердинанд Пих, кој беше на чело на Volkswagen речиси четврт век и е главен идеолог на проектот Veyron.

Црниот суперавтомобил е современа верзија на купето од 1957 година Type 57 SC Atlantic и се вика La Voiture Noire. Сите детали и елементи се рачно изработени.