И официјално Кајли Џенер, најмладиот член на семејството Кардашијан, е прогласена за најмлада милијардерка на светот.

Според угледниот Форбс, Кајли на 21-годишна возраст е најмлада милијардерка на светот, која самата го заработила своето богатство. Таа има своја компанија „Kylie Cosmetics“ за производи за убавина, која само минатата година оствари продажба од 360 милиони долари.

Така , Кајли го помина Марк Зукерберг, кој станал милијардер на 23 годишна возраст.

Не очекував ништо. Не ја предвидов иднината. Но поради ова признание навистина добро се чувствувам“  – изјави Кајли за Форбс.

Уште минатата година се предвидуваше дека таа ќе ја одбие оваа титула, кога нејзиното богатство беше проценето на 900 милиони долари.