Во обид да се направи совршено селфи во исклучително опасни ситуации од 2011 до 2017 година, загинале 259 лица, вели една нова студија на Националната медицинска библиотека на САД.
Со цел да се намали ризикот од вакви смртни случаи, истражувачите препорачуваат на опасните локации да се воведат зони каде ќе биде забрането снимање на селфи, пренесува ББЦ.
Студијата покажува дека најчеста причина за смрт додека се правело селфи е: давење, сообраќајни несреќи и падови. Но има и случаи каде гинеле од животни, пожар, оружје, како и струен удар.
Истражувачите напоменуваат дека во 2011 година се пријавени само три смртни случаи како последицна на снимање селфи, но дека таа бројка пораснала на 98 во 2016 и 93 во 2017 година.
Во истражувањето е истакнато дека смртните случаеви кои се настанати поради опасни селфиња, често не се пријавувани.
Comments are closed for this post.