Фолк пејачот Шабан Шаулиќ неколку месеци пред да загине во сообраќајна несреќа кај својот адвокат составил тестамент. Тој брзал да го распредели имотот на своите најблиски и како да претчуствувал дека за брзо време нешто може да му се случи.

Шабан неколку децении пееше на просторите во поранешна Југославија и во дијаспората имаше заработено голема сума. Се говори за сума од 2,5 милиони евра, три стана и вила во која живееше со сопругата и трите деца.