Во ерата на масовно користење на мобилни уреди на човек му е се потешко да се заштити од целосната контрола и следење. Научници од Калифорнија, вработени во Меѓународниот институт за компјутерски науки, уште еднаш го докажаа ова тврдење обелоденувајќи застрашувачки факти. Од нов станува јасно дека моментно 17.000 андроид апликации внимателно ги следат активностите на корисниците.

Технологијата за следење користи идентификатор со име Advertising ID, кој според Google се користи само и единствено за собирање податоци за програмерите. Калифорниските научници, меѓутоа се на друго мислење. Според нив, 65% од Android апликациите добиваат уникатни податоци кои се способни да ги идентификуваат корисниците.

Од популарните апликации, кои без никакви проблеми и неказнето можат да собираат податоци за корисниците се играта Angry Birds, аудио книгите Audible, апликациите Battery Doctor и Clean Master, а интересно е што само овие апликации се инсталирани во милијарда уреди. Од Google се уште не реагирале на изнесената информација.