Пред точно 50 години, на 24 декември 1968 година, снимена е една од најважните фотографии во историјата на човештвото.

Тогаш астронаутот Вилијам Андерс за време на мисијата „Аполо 8“ која кружела околу Месечината, го вперил објективот од камерата кон Земјата.

Фотографијата која ја направил се вика  “Earthrise”, односно „Излегување на Земјата“, и ја прикажува нашата планета како изгледа од Месечината .

Луѓето тогаш првпат виделе како изгледа Земјата од далечина – како жив организам во мрачната бесконечност на универзумот, ранлив и со ограничени ресурси.

Оваа фотографија кај многу луѓе предизвикува силно чувство за тоа колку е безначајно секојдневието, границите меѓу државите, конфликтите и политиката – Земјата за нас е посебна бидејќи тоа е планетата на која живееме, а кога ќе видиме колку е осамена во огромниот простор, тоа нè тера да размислуваме како е човештвото толку поделено.

Во 1968 година Андерс, заедно со другите членови на екипажот – Френк Борман и Џим Ловел, полетаа од Кејп Канаверал во Флорида со „Сатурн 5“, претходно комплетирајќи 10 орбити околу Месечината.