Семејството на тенејџерка која пред две години почина откако јадела сендвич со багет во „Прет“ денеска објави потресно видео на кое се прикажани последните насмевки на девојчето пред смртно да колабира.

Наташа Еднан-Лаперос,15, била на патување од соништата во Ница со нејзината најдобра пријателка и татко и. Јадела сендвич со артичоки и багет во кој имало сусамово семе, но тоа не било наведено во спискот на алергени, а тоа се покажало дека било фатално за неа. Нејзиниот татко Надим ја снимал во авионот на Бритиш ерлајнз додека се смее и ги покажува ноктите лакирани со бел лак, моменти пред авионот да полета.

Неколку минути подоцна за време на летот на Наташа почнува да ја боли грлото, телото и се покрива со црвени пликови и добива срцев удар од кој не се повратила. На терминалот 5 на Хитроу тие што го спремале сендвичот не и кажале што се има во багетот. Тоа за Наташа било фатално.

Сега се води судска битка за други невини да не настрдааат, зашто гигант како „Прет“ продава по 200 милиони парчиња храна. Д-р. Камингс кој зборува во име на таткото на Наташа истакнува дека продавачот на храна не го следел соодветно процесот на пакување и продажба и повикува ова прашање да се земе со сета сериозност.

Камингс го критикувал и екипажот на БА затоа што не употребиле дефибрилатор, а екипажот излегол со изговор дека било предоцна оти авионот се наоѓал во позиција на слетување.

Судењето ќе трае една недела и се очекува тоа да фрли нова светлина на проблемот, но и да донесе извесни промени во истакнувањето на содржината на производите кои секојдневно ги купуваат милиони луѓе без да имаат соодветно сознанија што точно тие содржат. Ова е посебено значајно за малите сендвичари.