Актерката и ТВ водителка Аманда Холден ја освои британската награда „Задник на годината“, оставајќи ги настрана познатите имиња од оваа област Холи Вилби, Рејчел Рајли, Карол Волдерман и други.

Организаторот на натпреварот Тони Едвардс изјави дека победата на Аманда Холден е победа над „лажните задници“ на американските ѕвезди како Ким Кардашијан.

Аманда има особено добро оформен, стегнат и, најважно, пропорционален и мал задник, што е чиста спротивност од некако преголемите и лажни задници, чиј модел се внесува од САД. Тие никогаш нема да добијат награда за стил во Велика Британија, изјави Едвардс, подвлекувајќи дека квалитетот надвладеал над „количеството“.

Од август минатата година до јули оваа, Холден добила речиси 12.000 гласови, особено од нејзините ТВ фанови, кои редовно ја следат и на социјалните мрежи.